Регион 18. јули 2018. / 13:53

Сали Бериша: Албанија е главен продавач на марихуана на европскиот црн пазар

Сали Бериша: Албанија е главен продавач на марихуана на европскиот црн пазар

Има ли поголема потврда од оваа за тврдењата на италијанските високи полициски функционери дека Албанија и понатаму е главен снабдувач на европскиот нарко пазар со марихуана. Еди Рама и неговиот министер Фатмир Џафај нека престанат да лажат дека во земајава не се одгледува канабис, напиша на Фејсбук поранешниот албански премиер Сали Бериша, објавија западните новински агенции, повикувајќи се на локалните косовски медиуми.

Неговата реакција и критика за актуелниот албански лидер Еди Рама следуваше по веста дека грчката полиција запленила 112 килограми марихуана сместена во возило управувано од 36-годишен Албанец чиј идентитет не е откриен, како и по официјалните информации дека изминатите денови во две одделени акции италијанската полиција запленила околу три тони марихуана пристигната од Албанија.