Амбасадата на САД во Подгорица ги предупреди своите државјани на можност од терористички напади во Црна Гора за време на празниците, пренесе порталот „ИН4с“.
-За време на празниците, сигурносните мерки во Црна Гора остануваат зголемени поради закани за меѓународни терористички групи и поединци ширум Европа инспирирани од екстремистичка идеологија. Екстремистите продолжуваат да се фокусираат на туристичките места, трговските центри, аеродромите, рестораните, верските објекти, местата за транспорт, предупреди Амбасадата на САД.
Се наведува дека до граѓаните кои се државјани на САД испратено е предупредување и преку електронска пошта.