Соединетите Американски Држави до крајот на годината би требало да ги укинат визите за Хрватите, а двете земји ќе потпишат договор за избегнување на двојното даночење, изјави во петокот во Минхен хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман.
Како што пишува Индекс.хр, Хрватска, Романија, Бугарија и Кипар се единствените земји членки на ЕУ на кои САД се уште не им ги укина визите.
Полска од визниот режим исклучена е кон крајот на минатата година.
Хрватскиот министер се сретна со Помпео во очи на почетокот на безбедносната конференција во Минхен, водечки светски форум за дебата за меѓународната безбедносна политика.