Под сомнение за сторено кривично дело – ширење паника за корона вирусот, црногорската полиција во Тиват ја упасила А.Г (35) од Русија.
– Таа на профилот на една социјална мрежа објавила дека во Црна Гора со корона вирусот се заразени околу илјада луѓе, починале шестмина, и оти Црна Гора ја чека сценарио како во Италија – соопшти полициската управа.
Освен тоа, уапсената во објавата напишала дека целиот персонал на хотелот „Авала“ е заразен со корона вирусот и е хоспитализиран.
Упасената ќе биде изведена пред надлежен обвинител во Котор.