Регион 12. ноември 2018. / 17:09

Романија: Претседателот оцени дека Владата не е подготвена да претседава со ЕУ

Романија: Претседателот оцени дека Владата не е подготвена да претседава со ЕУ

Претседателот на Романија Клаус Јоханис денеска изјави дека неговата земја не е подготвена да го преземе местото претседавач на Европската унија од 1 јануари, повикувајќи ја владата да поднесе оставка.

Јоханис, кој е во постојан конфликт со владата, рече дека „работите излегле од контрола“ и дека постои политичка потреба за промена на владата која ја нарече „несреќа на романската демократија“, пренесе Еј-би-си њуз.
Виорика Данчила, малку позната политичарка која стана премиерка во јануари, има мало влијание во донесувањето одлуки, бидејќи со владата повеќе управува Ливиу Драгнеа, претседател на владејачката Социјалдемократска партија.

Драгнеа не може да биде премиер поради пресудата од 2016 година за измама на изборите.

Социјалдемократската партија во 2016 година, започна спорни судски реформи што доведоа до протести на граѓаните и критики од ЕУ и САД, кои сметаат дека реформите ја поткопуваат борбата против корупцијата.