Владата на Република Српска прогласи вонредна состојба во тој дел од федерацијата како би се спречило понатамошно ширење на вирусот.
Како што е соопштено на седницата, вонредната ситуација претходи на воведувањето вонредна состојба, пишува Српскаинфо.
– Владата е кризен штаб и нејзините мерки мора да се почитуваат на целата територија на Република Српска. Сега кога кризниот штаб ќе донесе мерка таа мора да се испочитува и во тоа е најголемата суштина на воведувањето на вонредна ситуација – изјави министерката за финансии на РС, Зора Видовиќ.
Министерката за трговија и туризам на РС, Сузана Гашиќ повтори дека на пазарот на РС има доволно намирници и дека снабдувањето е навремено и дека луѓето може да бидат сигурни дека нема да има скок на цените.
– Владата на РС донесе и одредба со која цените на основните животни намирници се враќаат на ниво на кои беа на 5 март и остануваат додека трае ситуацијата – рече Гашиќ.