Регион 12. февруари 2020. / 14:15

Република Српска нема да одлучува во институциите на БиХ додека има странци во Уставниот суд

Република Српска нема да одлучува во институциите на БиХ додека има странци во Уставниот суд

Претставници на Република Српска ќе го стопираат донесувањето одлуки во заедничките институции на БиХ сè додека не се донесе новиот закон за Уставниот суд, во кој ќе нема странски судии, најави денеска претседателката Жељка Цвијановиќ.

Вториот заклучок, донесен на состанокот на надлежните од Република Српса е дека ќе биде побарана итна седница на Националното собрание на Република Српска.

Цвијановиќ рече дека Уставниот суд до сега задирал во идентитетските прашања, а дека сега тргнал да задира во територијални прашања.