Регион 21. август 2020. / 17:30

Рекорден број на новозаболени со Ковид-19 во Словачка

Рекорден број на новозаболени со Ковид-19 во Словачка

Словачка денеска пријави 123 новозаболени лица со Ковид-19, што е најголем пораст на дневно ниво од март, кога во земјата е регистриран првиот случај на новиот коронавирус.

Словачкото Министерство за здравство соопшти дека третпат се регистрирани над сто инфицирани лица.

Словачка со 5,5 милиони жители, има мал број на заразени лица во споредба со другите европски држави. Досега се регистрирани вкупно 3.225 инфицирани лица и 33 смртни случаи.