Регион 13. август 2018. / 11:21

Рекорден број на иселувања од Хрватска во 2017

Рекорден број на иселувања од Хрватска во 2017

Ако се разгледуваат податоците за проценки на населението, евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жители во Хрватска. Во споредба со 2008 година, кога, според проценка на населението на крајот на годината имало 4,3 милиони, во последните десет години, односно до крајот на 2017 година, тој број е намален за дури 204,3 илјади луѓе и изнесува 4,1 милион жители.

Раѓањето на децата отсекогаш се сметало за еден од најсреќните настани. Сепак, статистичките податоци покажуваат дека на тој чекор се одлучуваат се помалку жители. Гледано од 1998 година, се забележува тренд на се помал број нивородени, првпат нивниот број падна под 40.000 во 2003 година. Дека секоја година се раѓаат се помалку деца, потврдуваат и последните достапни податоци за 2017 година, кога има 36.600 нивородени деца. Ако го гледаме месецот на раѓање, повеќето од нив дојдоа на свет во јули.

Во претходната 2016 година највисока стапка на наталитет (нивородени на 1.000 жители) имаше Меѓумурската жупанија (10,8), а најниски имаа Приморско-горанската и Личко-сењската жупанија (7.9).

Жените, се подоцна се одлучуваат за раѓање на своето прво дете- на возраст од 29 години

Иако овие бројки укажуваат на промени во трендовите, можеби тоа најсликовито го искажуваат податоците за просечната возраст на мајката при првото породување. На тоа може да влијаат различни социо-економски фактори, како што се поголемо учество на жените на пазарот на трудот, зголемување на учеството на жените во високото образование, но, исто така, и се подоцнежно осамостојување на младите, односно напуштање на родителскиот дом.

Додека во 1990 година просечната возраст на мајката на првопто породувањето беше 24,3 години, до 2017 година се зголеми за 4,6 години, што значи дека за раѓање прво дете жените сега се одлучуваат на возраст од околу 29 години. Во ЕУ, просечната возраст на мајката при првото породување, исто така, се зголемува, а најновите податоци велат дека тоа се случува на возраст од 30,6 години.