Регион 17. ноември 2020. / 14:47

Рекорд во Белград: 5.600 прегледи за 24 часа

Рекорд во Белград: 5.600 прегледи за 24 часа

Белград сруши еден неславен рекорд: забележани се скоро 5.600 прегледи во последните 24 часа, изјави министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, пишува српска Нова.

Расте бројот на прегледите низ целата земја, како и бројот на оние што остануваат на лекување. Бројките ќе растат во наредните денови, се надеваме дека мерките ќе дадат резултати за десет дена, изјави Лончар.

Тој изјави дека 1.100 здравствени работници се позитивни на коронавирусот, а 52 од нив се хоспитализирани.

Раководителот на Клиниката за инфективни болести на Клиничкиот центар на Србија, Горан Стевановиќ, рече дека здравствената установа имала над 350 прегледи во последните 24 часа.

„Станува збор претежно за тешки пациенти, ситуацијата е максимално тешка и неизвесна“, рече тој.