Регион 25. јули 2020. / 13:15

Регистрирани 14 новозаболени од Ковид-19 во Словенија, едно лице починало

Регистрирани 14 новозаболени од Ковид-19 во Словенија, едно лице починало

Во претходните 24 часа, во Словенија беа потврдени уште 14 нови случаи на заболени од коронавирус, вкупно 2.066 од почетокот на пандемијата.

Како резултат на Ковид-19, 116 пациенти починале, што е еден повеќе од претходниот ден.

Во текот на вчерашниот ден, 19 лица се хоспитализирани, а меѓу нив четири пациенти се во критична состојба. Во истиот период, четири лица се ослободени од болницата, објави новинската агенција СТА.

Во текот на претходните 24 часа, уште 918 лица биле тестирани за коронавирусот во Словенија, а 125.672 од почетокот на пандемијата.