Регион 07. декември 2020. / 14:44

Регистриран првиот случај на реинфекција со Ковид 19 во Хрватска

Регистриран првиот случај на реинфекција со Ковид 19 во Хрватска

Хрватска ja регистрираше првата реинфекција со коронавирус. На подрачјето на Бјеловарско – Билогорската жупанија е забележан случај на жена на средна возраст, која прв пат се разболела од коронавирус во септември, а сега повторно добила позитивен тест.

-Првиот позитивен резултат го добив на почетокот на септември, откако се тестирав затоа што требаше да бидам хоспитализирана со детето. Детето тогаш беше негативно, а јас бев позитивна, иако немав никакви симптоми, раскажала пациентката за хрватските медиуми.