Полицијата во Албанија разоткри иранска терористичка ќелија, која подготвувала терористички напад во Албанија, на празник на бекташката верска заедница Султан Невруз, изјави генералниот директор на полицијата, Арди Велиу.
Тој на прес-конференција ги објави и имињата на иранските терористи, чија мета била Албанија и рече дека „главата“ на ова ќелија е оперативецот на Силите ЌУДС, познат како „пејман“.
Пејман, за кого не се наведуваат други податоци бил постојан жител на Иран и од дистанца раководел со оперативци во Албанија и во други земји на Централна и Западна Европа.