Регион 16. ноември 2018. / 21:19

Ратко Младиќ од затвор се јави во утринска емисија

Ратко Младиќ од затвор се јави во утринска емисија

Хашкиот осуденик, Ратко Младиќ, денеска се вклучи телефонски во утринска емисија на белградска телевизија.

Младиќ, кој во Хаг беше осуден за геноцид во Сребреница и за злосторства против човештвото, се јави телефонски во утринска емисија на телевизијата „Хепи“, а своето јавување го заврши со пораката – Ве сака дедо Ратко.

По ова, секретарот на меѓународниот суд во Хаг наредил надзор на сите телефонски разговори на Младиќ во текот на следниот месец.