Регион 17. август 2020. / 21:45

Расте бројот на новозаразени во Албанија

Расте бројот на новозаразени во Албанија

Нови 119 случаи на заразени со Ковид-19, 22 оздравени и две починати лица е билансот од епидениолошката состојба во Албанија во последното деноноќие.

-Во изминатите 24 часа направени се 501 тест на сомнителни случаи, при што позитивен резултат е добиен кај 119 од нив, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата досега се зголеми на 7.499. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 22 пациента или 3.816, додека битката со опасниот вирус ја изгубија двајца или вкупно 230 пациенти, соопштија од Министертвото за здравство и социјална заштита.

Активни на болеста се 3.453 лица, поголемиот процент се лекуваат амбулантски или во домашни услови, додека во двете болници Ковид се третираат 117, од нив 21 се во тешка здравствена состојба.

Во меѓувреме американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким преку Твитер објави дека се донирани нови комплети тестови на Институтот за јавно здравје, со што вкупната бројка на досега донирани тестови се зголемува на 32.160.

Од почетокот на пандемијата, во првите денови од месец март до сега, во Албанија направени се вкупно 50.928 тестови.