Регион 23. март 2020. / 17:05

Радев стави вето на два текста на закони за вонредни состојби, а пратениците го одобрија ветото

Радев стави вето на два текста на закони за вонредни состојби, а пратениците го одобрија ветото

Пратениците го одобрија ветото што претседателот Румен Радев го наложи за спорните текстови од Законот за мерки при вонредни состојби.

Вчера, претседателот Радев стави вето на два текста на закони – за санкции за ширење лажни вести и ограничување на цените за сите производи. При повторно разгледување, пратениците ги отфрлија текстовите со 118 гласа, само 14 гласаа „за“, а 56 воздржани.

Утрово, на состанокот на правната комисијата, пратениците едногласно го усвоија ветото на Радев.