Регион 30. мај 2018. / 11:54

Работничка во Клинички центар добила отказ, причината ќе ве шокира

Работничка во Клинички центар добила отказ, причината ќе ве шокира

Директорот на Клиничкиот центар Ниш, Зоран Радовановиќ наредил да се отпушти работничка поради тоа што автомобилот го паркирала на зелена површина во кругот на болницата.

Како што е соопштено на веб страницата на центарот, вработена во Центарот за медицинска клиничка биохемија директно ја прекршила наредбата на директорот, која во сила стапила на 9. мај, во која се вели дека секој вработен кој ќе уништи или оштети имот или простор на таа здравствена установа ќе биде дисциплински казнет.

-Вработената непрописно го паркирала своето возило на зелена површина во кругот на здравствената установа и со тоа ги прекршила пропишаните правила на установата, однесувајќи се неодговорно и на крајно недомаќински начин, се вели во соопштението.

Отпуштената работничка имала договор за привремено-повремена работа.