Регион 09. август 2018. / 21:15

Путин и Вучиќ ќе разговараат за косовското прашање

Путин и Вучиќ ќе разговараат за косовското прашање

Рускиот претседател, Владимир Путин ќе се состане со неговиот српски колега, Александар Вучиќ на 15 септември во Москва, каде двајцата ќе разговараат за косовското прашање, објави „Евроазија дејли“.

Пред средбата со Путин, Вучиќ повторно ќе разговара со косовскиот претседател, Хашим Тачи во Брисел, во рамки на дијалогот за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

За време на последната посета на Вучиќ во Москва, Путин рече дека Русија ќе продолжи да ја поддржува Србија во однос на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.