Регион 24. ноември 2018. / 13:58

Пуштени во сообраќај две делници од Коридорот 10 од Србија кон Македонија

Пуштени во сообраќај две делници од Коридорот 10 од Србија кон Македонија

Делниците од автопатот на Коридорот 10 кон македонската граница, Долни Нерадовац – Српска куќа и Српска куќа – Левосоје, пуштени се во сообраќај, соопшти Јавното претпријатие „Патишта Србија”.

Овие две делници со придружните петљи Бујановац 1 и Бујановац 2 отворени се за сообраќај во петокот.

Во сообраќај, како што се наведува, пуштена е трасата на автопатот со должина од 8,81 километри, што е дел од проектот за изградба на автопатот Е-75, од Белград преку Ниш до границата со Македонија.

Српската министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ пред десет дена најави дека до крајот на годината ќе биде пуштен во сообраќај и преостанатиот дел од автопатот Е-75 кон Македонија, во делот на Грделичка клисура. /