Утринава силна експлозија ги вознемири граѓаните на црногорскиот главен град Подгорица.
Експлозијата се случила близу ресторанот „Њујорк“. Полицијата соопшти дека нема повредени лица.
Од силината на експлозијата пукнале стаклата на околните згради и локали. Полицијата истражува како дошло до експлозијата.