Регион 11. декември 2020. / 13:09

Пукање во Белград: Тешко ранет маж

Пукање во Белград: Тешко ранет маж

Утрово во Белград, се слушнале истрели од огнено оружје, при што повреден бил еден маж.

Мажот со возило на Брза помош е однесен на реанимација во Ургентниот центар.

Во Белград, во Врачар, рано утрово дошло до пукање во кое еден маш е тешко повреден, изјавиле од Брзата помош за „Танјуг“.

Мажот со амбулантно возило на Брза помош е однесен на реанимација во Ургентниот центар. Пукањето се случило во Врачар а повикот до Брзата помош стигнал во 6:34 часот.

Освен тоа, Брзата помош синоќа интервенирала 112 пати, од тоа шест пати на јавно место, а не се случила ниту една сообраќајна несреќа.