Ученик на шестгодишна возраст (Ф.Ј.) во прво одделение во Основното училиште „Зенеј Хајдини“ во село Рајница кај Прешево-Србија, починал вчера за време на настава. Според сведочењето на наставничката Ифета Ибрахими, момчето на почетокот на петтиот час само одеднаш паднало од столчето.
-Детето не се пожали дека нешто го боли, а никому не му е познато дека имало здравствени проблеми. Кога падна од столчето го кренав и повикав помош. Брзо го однесовме на лекар , рекла наставничката.
Шукри Имери, директор на училиштетот кажал дека докторите 20 минути се обидувале да го реаниимираат, но можеле само да констатираат смрт.
Директорот додал дека момчето било покрупно и повисоко од останатите деца и дека во текот на денот не се жалело на тегоби. Обвинителката од Врање, Данијела Трајковиќ поттврдила дека момчето починало поради проблеми со срцето.
На телото на момчето немало видливи повреди.