Регион 10. јануари 2020. / 20:15

Прв потврден смртен случај од менингитис во Албанија

Прв потврден смртен случај од менингитис во Албанија

Албанскиот Институт за јавно здравје потврди дека е регистриран прв смртен случај како последица од менингитис.

– Менингококните инфекции се сериозна и фатална инфекција која има исклучително брза еволуција. Ова е причината што лицето кај кое е потврдено присуството на оваа бактерија имаше лоша среќа – изјави лекарката од Институтот, Силва Бино, истакнувајќи дека нема простор за паника.

Бино додава дека случаите на менингитис се спорадични.

– Ги следиме сите лица кои се заразени со вируси на грип. Нема простор за паника, немаме епидемија во моментов. Во врска со информациите во медиумите дека од оваа бактерија за два дена починале уште две лица, за тие два случаи ги очекуваме резултатите од анализата на земените примероци – тврди Бино.

Според медиумите, во земјата веќе станува загрижувачка појавата на бактеријата од која во изминатте 48 часа се регистрани три смртни случаи.

– Во Албанија постои основано сомнение дека циркулира бактеријата што предизвикува менингококсемија. За 48 часа, најверојатно оваа бактерија е причина за смртта на три лица, меѓу кои и 27-годишниот полицаец, кој почина два дена. Исто така, едно 30-годишно момче од Тирана и 33-годишна жена од Драч, кои и покрај тоа што поминале на интензивна терапија за реанимација, ги загубија животите – наведува „Топ чанел“.