Регион 14. април 2020. / 14:32

Прв бугарски министер во карантин

Прв бугарски министер во карантин

Министерот за економија на Бугарија, Емил Караниколов, е ставен во 14-дневен карантин, јавуваат бугарските медиуми. Мерката уследи откако Караниколов се врати од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Во знак на добрата соработка, Бугарија испрати во ОАЕ два авиони со 32 тони храна-зеленчук, месо и млечни производи, што беа доставени на 13 април на меѓународниот аеродром во Абу Даби.

Целата пратка ја достави министерот Караниколов, кој сега мора да помине две недели во самоизолација.