Протестен марш се одржа минатата ноќ во Атина поради убиството на 33-годишниот геј-активист Зак Костопулос, кој почина кога беше претепан бидејќи, наводно, се обидел да ограби златарница.
Протестниот марш беше организиран од страна на ЛГБТ-заедницата, левичарите и антиестаблишмент-групите кои бараа правда, објави АНА.
Протестот почна на плоштадот Омонија и заврши на плоштадот Синтагма во центарот на градот.