Хрватскиот државен и воен врв најмалку година дена бил предупреден за американскиот став и условите за продажба на борбениот авион Ф-16 Барак.
Уште во јануари 2018 година, американската страна на хрватскиот државен врв му упатила т.н. нон-пејпер документ во кој јасно биле напишани сите преперки за купување на израелските авиони.
Информацијта дека хрватската страна, односно Канцеларијата на претседателката, е запознаена со проблемите, беше објавена во петокот на хрватската емисија „Бујица“. Американскиот докомент стигнал во јануари минатата година, потврди за Јутрањи лист, извор близок до претседателката.
Тој документ требало да дојде и до Канцеларијата на премиерот, како и во Министерството за одбрана, бидејќи тие директно одлучиле за купувањето. Станувало збор за некој вид на технички водич, од кој јасно се гледа што бара американската страна да се реализира за купување на авионите и тие ставови ги задржале до крајот. Од нон-пејперот било видливо на кои прашања треба да се внимава, а тој документ е без потпис, што е вообичаено во дипломатијата. Како што објавуваат медиумите, нон-пејперот бил напишан на две страници, а техничките детали не биле разгледани, бидејќи тоа било работа на други функционери, а не на претседателката.
Сеуште не се знае како информациите од нон-пејперот се објавени.