Регион 09. ноември 2019. / 17:05

Пронајдена неексплодирана бомба тешка еден тон во Црна Гора

Пронајдена неексплодирана бомба тешка еден тон во Црна Гора

Денеска при градежни работи на автопат во Црна Гора, пронајдена е неексплодирана авионска бомба од Втората светска војна, тешка еден тон, објавија црногорските медиуми.

Припадници на единицата за вонредни ситуации ја отстраниле експлозивната направа и таа ќе биде деминирана. Бомбата имала два детнатора.

Движењето на сообраќајот било еден и пол час во прекин поради поголема безбедност при транспортот на бомбата.