Регион 21. март 2020. / 12:16

Приштина ги укина царините против Србија

Приштина ги укина царините против Србија

Косовската влада ја усвои вечерва одлуката на премиерот Аљбин Курти за укинување на царините за сировините од Србија и БиХ.

Од 1 април се очекува укинување на царините на сите стоки и производи, пренесува Косово онлајн.

Косовската влада одлуката ја донела вечерва на телефонска седница.

За одлуката гласале министрите од движењето Самоопределување и министерката за малцински несрпски заедници Емилија Реџепи.

Министрите од Демократскиот сојуз на Косово не гласале, а двајцата српски министри биле воздржани.

Претходно денес Курти подготви документ за разгледување и усвојување на укинувње на царините од 100 отсто за производите од Србија и Босна и Херцеговина на следната сендица на владата.