Регион 16. август 2018. / 14:34

Припадниците на Армијата на Црна Гора од денес ја штитат границата со Албанија

Припадниците на Армијата на Црна Гора од денес ја штитат границата со Албанија

Припадниците на Армијата на Црна Гора од денес ја штитат границата со Албанија на граничниот премин Божај првенствено заради спречување на илегалните премини, објави црногорското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека границата ќе биде контролирана од мешаните патроли на Дирекцијата на полицијата и Армијата на Црна Гора со цел да се спречат нелегалните дејства на границата и во пограничната зона со Албанија.

Од црногорското Министерство за одбрана потсетуваат дека припадниците на Армијата биле ангажирани врз основа на одлуката на Советот за одбрана и безбедност.