Принцот од Велс, Чарлс ќе ја посети Босна и Херцеговина на 17 и 18 март 2020 година, соопшти денеска британската амбасада во Босна, додавајќи дека тој на овој начин ќе ја одбележи 25-годишнината од геноцидот во Сребреница.
– Неговото Кралско височество ќе има ангажмани во Сараево и Сребреница. Клучен елемент ќе биде посетата на споменикот во Сребреница за одбележување на 25-годишнината од геноцидот. Неговото Кралско височество ќе им оддаде почит на жртвите, придружен од голем број преживеани, вклучително и мајки кои сè уште ги бараат своите исчезнати членови на семејството, велат од Амбасадата.
Додаваат дека и во Сребреница и во Сараево, Принцот ќе има можност да слушне за напредокот што е постигнат во пронаоѓањето на преостанатите луѓе од целиот регион, кои се уште се водат за исчезнати, велат од Амбасадата.
Според агендата, принцот ќе го повика трипартитното претседателство на Босна и ќе се сретне со локалните лидери од бизнис, политиктаа, културата, граѓанско општество и вооружените сили. Принцот Чарлс, исто така, ќе се сретне со верските водачи во земјата, во знак на признание за нивната работа за помирување и градење разбирање меѓу заедниците.
Принцот Чарлс последен пат ја посети Босна во 2007 година.