Регион 09. ноември 2020. / 12:22

Превртен брод во близина на грчкиот остров Самос – пронајдено мртво дете и уапсени две лица

Превртен брод во близина на грчкиот остров Самос – пронајдено мртво дете и уапсени две лица

Крајбрежната служба на Грција во текот на вчерашниот ден интервенирала за спасување на мигранти, чиј брод се превртел во близина на грчкиот остров Самос, а било извлечено безживотното тело на едно дете, јави дописничката на МИА од Атина.

Биле спасени вкупно 25 мигранти, а дел од нив успеале сами да стигнат на копно.

Денеска, биле уапсени две лица, меѓу кои и криумчарот кој воедно и управувал со чамецот. (МИА)