Во Црна Гора утрово во седум часот се отворени избирачките места за претседателските избори во кои учествуваат седум кандидати.
Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот, а гласачко право во Црна Гора имаат 532.599 граѓани. Тие ќе може да гласаат на 1.214 избирачки места.
Тоа се седми претседателски избори од воведување повеќепартиски систем и трети од прогласување независност.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – Марко Милачиќ, Младен Бојачиќ, кандидат на Демократскиот фронт, Демократите, Социјалистичката народна партија и Граѓанското движење УРА.
Кандидат на Партијата на правдата и помирувањето е Хазбија Калач.
Василије Миличковиќ е кандидат на Група избирачи Граѓанска акција и Партијата на пензионерите и Добрило Дедеиќ претставник на Српската коалиција.
Драгана Вуксановиќ е кандидатка на СДП, а кандидат на владејачката партија Демократска партија е социјалистот Мило Ѓукановиќ.