Шефот на државата се пофали на „Инстаграм“ со индексот, бидејќи се запиша на Факултет.
По втор пат во животот станав студент, овој пат на Високата спортска школа за стручни студии со желба да станам кошаркарски тренер за деца. Не можете да поверувате колку сум среќен што по многу години почнувам да го остварувам својот детски сон, напиша Вучиќ на својот профил.
Првиот човек на Србија вакво нешто најави пред неколку недели во изјава за „Курир“, а тогаш се огласи и претседателот на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, Небојша Човиќ.
„Претседателот најави дека кога ќе престане да се занимава со политика, ќе стана кошаркарски тренер. И ние како Звезда го решивме тренерското прашање за осум години. Кога ќе си оди Саша Обрадовиќ, ќе добиеме фантастичен тренер во името на Александар Вучиќ. Звезда веднаш ја скрои својата европска политика. Се шегувам, но и не се шегувам, искрено да ви кажам“, изјави Човиќ за телевизијата „Прва“.