Претседателот на движењето во Косово Самоопределување Албин Курти многу е агилен и сеприсутен, па така деновиве даде серија интервјуа во косовските медиуми и повика на формирање Албанска федерација.
Се работи за конгломерат од територии на Балканот кои се населени главно со Албанци.
Неговиот предлог е одговор на разговорите за размена натеритории кои ги подат претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим тачи.
„Албанска Федерација нема да биде замена за ЕУ, туку еден голем придонес“, вели Курти во едно интервју.
„Можностите се големи, но чекорите минимални, зошто да не одиме во тој правец? Изгледа на политичарите им е доволно високо местото. Но, Албанска Федерација и Балканска алијанса се две сосема различни страни. Мора да створиме противтежа на Белград на Балканот, а Бугарите и Хрватите го очекуваат тоа од нас. Ве уверувам дека ќе бидеме подготвени“, вели тој за косовските медиуми.
Најави жестока борба на опозицијата и „врела политичка есен“ во борбата против прекројувањето на границите во режија на Белград.
Самоопределување предизвика вистински хаос во Собранието на Косово кога низа седници на кои се разговараше за ратификација на границите со Црна Гора и Косово беа прекинувани затоа што претставници на неговата партија фрлаа солзавец во собраниската сала.
Курти во интевју за “Коха“ денеска предупреди дека Косово останува без природните богатства, а ако се согласат за размена на територии Косово ќе остане без рудникот „трепча“ кај Косовска Митровица, без хидроелектраната на Ибар, од која Косово се снабдува со електрична енергија.
„Политиката не е геометрија во која може да цртате линии на мапата. Можеби тоа е направено во Африка или на Блискиот Исток, но не може да се направи во европа. Дијалогот за територијална размена е поблизок до војна отколку до мир“, вели Курти.
Косово не е многу богата земја со вода, тоа ни фали и езерото Газивода е од витално значење. „Ако кренеме раце од северот, креваме раце и од Газивода“.
Кососките медиуми пренесуваат и дека премиерот на Албанија Еди Рама го поддржал ставот на Европската Унија по прашањето за размена на територии, но претседателот на Албанија Илир Мета е категоричен против менување на границите на Балканот, посебно ако тие се темелат на етничкиот принцип.