Регион 22. јануари 2019. / 23:05

Претседателот на косовскиот Парламент, Весели бара пониска плата

Претседателот на косовскиот Парламент, Весели бара пониска плата

Претседателот на косовскиот парламент , Кадри Весели од парламентарната комисија побарал да му се намали коефициентот на платата од 11 на 9.

Според коефициентот 11 , Весели зема 2 630 евра плата , додека со коефициентот кој го побарал од Комисијата би добивал 2 150 евра или за 480 помалку. Весели смета дека неговиот потег е значаен во реформата на јавната администрација .

Весели смета дека барањето за помала плата е во согласност со реалната социјална и економска состојба во земјата.

Со ваквото барање за намалување на коефициентите на претседателот , би се намалиле и платите на пратениците, како и на другите високи политичари и државни службеници , бидејќи неговата позиција е втора по ранг на Косово по онаа на претседателот .

Најголем коефициент , 12 , сега има претседателот на Косово , Хашим Тачи , а неговата плата , според сегашниот предлог би била 2 870 евра.