Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели рече дека Русија се движи кон признавање на Република Косово. Тој, исто така, изрази надеж дека Косово ќе биде дел од Обединетите нации оваа година. Тој ги даде овие изјави по состанокот на претседателството на косовското собрание. Рускиот претседател Владимир Путин вчера престојуваше во Белград каде рече дека Русија се согласува Белград и Приштина да постигнат заемно прифатлив договор во согласност со Резолуцијата 12-44.
Посетата на рускиот претседател Путин во Србија е позитивна работа. Ние сме со Америка, ние сме западна земја. Нашиот сосед на северот тврди дека е добар со нашите партнери, но ги отвора вратите за Русија. Сепак, на посетата на Путин на Србија, по состанокот со косовскиот претседател Хашим Тачи, беа истакнати истите пораките, како и со нашиот претседател. Русија се движи кон признавање на Република Косово, рече Кадри Весели – претседател на Собранието на Косово.