Регион 03. февруари 2020. / 11:40

Претседателот на Европскиот Парламент во посета на Тирана

Претседателот на Европскиот Парламент во посета на Тирана

Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, ќе допатува во дводневна официјална посета на Албанија.

Неговата прва средба ќе биде со амбасадорот на делегацијата на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца, а потоа со премиерот Еди Рама, по што ќе одржат заедничка прес конференција. Пред 15 часот ќе се сретне со спикерот на парламентот Грамоз Ручи и со координаторите на пратеничките групи, а во 15:15 часот ќе се обрати пред пратениците во албанскиот законодавен дом. Во 16:00 часот планирана е средба со шефот на државата Илир Мета.

Утрешното препладне Сасоли ќе го резервира за вонпарламентарната опозиција. Ќе се сретне со Љуљзим Баша, лидер на Демократска партија и Моника Круемади на Социјалистичкото движење за интеграција.

Пред неговата посета тој изјави дека доаѓа во Албанија за да даде надеж за иднината по тешките месеци што ги поминала, но и да ја потврди и поддршката на ЕП за започнување преговори со Албанија и со Макдонија.

Тој во Албанија требаше да престојува на 2 и 3 декември, но посетата ја одложи поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември.