Регион 17. ноември 2020. / 17:37

Претседателката на Косово Вјоса Османи позитивна на Ковид-19

Претседателката на Косово Вјоса Османи позитивна на Ковид-19

Вршителката на должноста претседател на Косово и претседателка на косовското Собрание, Вјоса Османи е позитивна на Ковид-19.

Веста ја објави самата Османи преку нејзината сттраница на Фејсбук, каде што наведе дека, поради контакт со блиски кои се заразени од корнавирусот, го извршила тестирањето и резултатот бил позитивен.

Османи најави дека во наредните две недели работните обврски ќе ги извршува од својот дом, а состаноците ќе ги одржува преку електронските платформи.