Се сомневаме дека киднаперите се блиски до Радисавлевиќ или дека барем имале помош од некој близок до семејствоо, бидејќи знаеле дека човекот живее сам, кај се наоѓа, кои му се навиките, а и добро го познавале местото – полето со пченка во кое го однеле и го врзале – пишуваат српските медиуми повикувајќи се на извори од полицијата.
Полицијата се сомнева дека дедото на Јелена Ѓоковиќ бил киднапиран од некој криминалец од соседството.
Полицијата започна со приведување и испитување на лица од средината за која постои сомнение дека може да имаат врска со киднапирањето на 85-годишниот Милослав Радисавлевиќ, дедото на Јелена Ѓоковиќ, сопруга на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ.
– Точно е дека имаше приведувања и дека некои лица се испитани на полиграф, но засега не го минаа тестот. Се сомневаме дека киднаперите се блиски до Радисавлевиќ или дека барем имале помош од некој близок до семејствоо, бидејќи знаеле дека човекот живее сам, кај се наоѓа, кои му се навиките, а и добро го познавале местото – полето со пченка во кое го однеле и го врзале – пишуваат српските медиуми повикувајќи се на извори од полицијата.