Регион 20. март 2020. / 09:05

Преполовени платите на претседателот, министрите и пратениците во Албанија

Преполовени платите на претседателот, министрите и пратениците во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама, најави дека платите на пратениците и членовите на Владата ќе бидат преполовени додека да заврши борбата со корона вирусот. Ова е една од мерките преземени во рамки на владиниот план за справување со епидемијата на Ковид-19.

Рама соопшти дека таквата владина одлука не ја опфаќа платата на претседателот, заблагодарувајќи му се за помошта што ја дава во овој момент.

Засега нема да допираме никакви други плати освен оние на пратениците и министрите, кои ќе добиваат само половина од платата до крајот на оваа војна. Нема да се намали платата на претседателот кому би сакал јавно да му се заблагодарам, бидејќи тој помага како што знае и умее уште од почетокот на оваа ситуација – изјави Рама.

По таквата изјава на Рама, веднаш реагираше шефот на државата, Илир Мета, кој одлучи самоволно да се откаже од половина од својата плата.

Институцијата претседател на Републката се солидаризира со намалувањето на годишниот буџетски фонд во интерес на нивно пренасочување како поддршка на здравствениот и другите сектори кои се на првата линија во справувањето со глобалната пандемија Ковид-19. Сенационална соработка, сеопфатност, хуманост и солидарност ќе ни ја дадат целата неопходна позитивна моќ да го победиме овој предизвик, победувајќи го стравот, со непоколеблива верба во иднината и во Бога – напиша Мета.