Регион 31. мај 2018. / 14:26

Премиерот на Хрватска се огласи по страшниот инцидент – еве што кажа за ранувањето на децата

Премиерот на Хрватска се огласи по страшниот инцидент – еве што кажа за ранувањето на децата

Полицијата ги штити границите од незаконската миграција, а ранувањето на деца многу лошо, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој ова го изјави по синоќешниот инцидент во кој полицијата пукала на комбе во кое криумчар превезувал мигранти.

-Полицијата ги штити границите од незаконската миграција, изразувам жалење поради ранувањето на деца, мислам дека тоа е лошо. Сигурен сум дека истрагата ќе покаже како се случило тоа. Очекувам од полицијата да ја штити границата од криумчарењето луѓе, во овој случај од Босна и Херцеговина, рече Пленковиќм пренесува Индекс.хр.