Регион 01. септември 2018. / 21:49

Премиерот на Црна Гора доби смртни казни

Премиерот на Црна Гора доби смртни казни

Црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, денеска добил смртни закани упаени на владината фејсбук страница, објави државната телевизија РТЦГ.

Закани биле упатени во коментар под објава во која се наведува дека премиерот се запишал во книгата на жалост поради смртта на американскиот сенатор, Џон Мекејн.

Од полицијата, за РТЦГ неофицијално соопштиле дека работат на идентификување и гонење на лицето кое му се заканило на Марковиќ.

Од кориснички профил, на официјалната владина фејсбук страница, под фотографијата на Марковиќ бил оставен коментар дека наскоро и тој ќе ја дочека смртта.

Црногорскиот портал ЦДМ објави дека заканата била упатена од фејсбук профил на граѓанин од Црна Гора кој живеел во САД.