Регион 14. ноември 2018. / 17:20

Премиерите од Западен Балкан во понеделник на состанок кај Курц

Премиерите од Западен Балкан во понеделник на состанок кај Курц

Премиерите на Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, во понеделник треба да учествуваат на работен состанок кај австрискиот канцелар Себастијан Курц.

На состанокот се очекува присуство на европскиот комесар за проширување Јоханес Хан како и на комесарката за дигитално стопанство и општество Марија Габриел.

Не е познато за што точно ќе се разговата на состанокот во Виена.