Регион 18. февруари 2019. / 22:24

Пратениците од албанската опозиција го напуштаат парламентот

Пратениците од албанската опозиција го напуштаат парламентот

Албанската опозициска Демократска партија најави дека планира нејзините пратеници да поднесат оставки на пратеничките места во парламентот поради, како што наведуваат, корупција и неефикасност на владата на Еди Рама.

Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, изјави дека парламентарната група одлучила да ги врати мандатите, пренесе АП.

Баша побара да се воспостави преодна влада до одржувањето на вонредните избори.