Регион 26. јуни 2020. / 11:39

Познатиот хрватски научник Џикиќ предупредува: Вирусот не слабее, иако симптомите се поблаги

Познатиот хрватски научник Џикиќ предупредува: Вирусот не слабее, иако симптомите се поблаги

Хрватскиот научник и професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Гете“ во Франкфурт, Иван Џикиќ вели дека не му е јасно зошто во јавноста постојано се зборува дека вирусот слабее.

Пораките дека вирусот повеќе не е толку опасен и слабее се неточни. Тие се базираат на изјава на некој лекар од Италија, но се занемаруваат ставовите на илјадници научници кои го тврдат спротивното. Ние и во март знаевме дека 60-80 посто од луѓето немаат симптоми, но токму тоа е најголемата опасност – вели Џикиќ во интервју за „ХТВ“.

Тој смета дека не треба да се шири паника, но не и да се вели дека се е во ред и под контрола.

Значи, вирусот не слабее и тоа е факт, но исто така треба да се каже дека симптомите му се поблаги  – оценува професорот Џикиќ.