Регион 12. август 2018. / 20:13

Пожарникарите се борат да го изгаснат пожарот кај Шибеник

Пожарникарите се борат да го изгаснат пожарот кај Шибеник

Во близина на Шибеник, кај местото Затон, денеска попладне изби пожар на непристапен терен, објавија хрватските медиуми.

За локализирање на огнената стихија се ангажирани повеќе од 40 пожарникари со 16 возила.

Во гаснењето учествуваат и два канадера.