Регион 04. ноември 2019. / 11:07

Пожар во Астрономскиот центар во Анкара (видео)

Пожар во Астрономскиот центар во Анкара (видео)

Голем пожар го зафати вчера Астрономскиот центар во Анкара. Во инцидентот нема повредени лица.

Врвот на кулата на астрономскиот центар во целост изгоре, а чадот можеше да се види од неколку километри.

Огнот е ставен под контрола, а се уште не е позната причината за пожарот.

Астрономскиот центар во Анкара е отворен во 2007 година.