Регион 17. април 2019. / 17:27

Повредени четири лица од удар на гром на Акропол

Повредени четири лица од удар на гром на Акропол

Од удар на гром, веројатно во близина на билетарницата на влезот на Акропол во Атина, полесно се повредени четири лица и пренесени во болница, објавија грчките медиуми.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, двајца од повредените се вработени, најверојатно чувари на археолошкиот локалитет, додека пак другите две лица најверојатно се туристи.