Регион 17. април 2020. / 14:39

Потврдени 36 новозаразени со Ковид-19 во Словенија

Потврдени 36 новозаразени со Ковид-19 во Словенија

Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата се потврдени 35 случаи на новозаразени со коронавирусот.

Во изминатото деноноќие се тестирани 1.193 лица, а поради Ковид-19 во болниците низ земјата се хоспитализирани  95 пациенти. Во одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 28 лица.

Во изминатите 24 часа од болниците се отпуштени осум пациенти, а како последица од заразата починале уште пет лица.