Регион 05. март 2020. / 09:32

Потврден првиот случај на новиот корона вирус во Република Српска

Потврден првиот случај на новиот корона вирус во Република Српска

Во Република Српска е регистриран првиот случај на инфекција со новиот коронавирус, потврди Министерството за здравство на Република Српска.

Сè уште нема детали за лицето кое е заразено.

Министерството за здравство за денеска во 9 часот најави прес-конференција на која ќе се обрати министерот за здравство и социјална помош, Ален Сераниќ.